Дури и кога е на одмор, Алесандра Амбросио нема да ја видите ниту запуштена ниту несредена. Славната манекенка во бел чипкан фустан изгледала како штотуку да се симнала од модната писта. Алесандра била видена додека излегувала од автомобил, за време на одморот во Рио де Жанеиро, во родниот Бразил.
Таа не се ни потрудила да мине незабележано, бидејќи сите гледале во нејзината завидна фигура и во секси деколтето. Иако белата боја обично асоцира на чистота и невиност, а чипката на нежност, Алесандра во овој фустан предизвикува веројатно потполно поинакви асоцијации.