Манекенката Алесандра Амбросио, која веќе има тригодишна ќерка со вереникот Џими Мазуро, наскоро ќе добие второ дете. Алесандра се наоѓала во четвртиот месец од бременоста, а среќната вест ја признала во интервју за бразилското списание “Istoe Gente”.
Рекла дека многу се радуваат на приновата, како и дека таа и нејзиниот вереник се надеваат дека ќе имаат уште деца. Додала дека семејството е најважна работа за неа и била многу среќна што ќе добијат уште еден член. Среќна била што има семејство кое и пружа поддршка и љубов.