Хана Mеткалф од Кантербери, Велика Британија, е алергична на новата технологија и не може да користи апарати како што се Ајпод или мобилен телефон. Имено, таа се разболувала кога доаѓала во контакт со електромагнетните зраци и во тој случај патела од симптоми како што се стомачен вирус или тешка главоболка.

Оваа жена верувала дека чувствителноста на зраците ја има уште од тинејџерските денови, пренеле британските медиуми. Поради големата чувствителност на електромагнетни зраци таа била принудена да ја напушти работата во канцеларија и сега живее на село со својот сопруг Марк и тригодишниот син Оли. Семејството морало од домот да ги отстрани мобилните телефони и штедливите светилки.