За повеќето парови нежните бакнежи се начин за покажување љубов, но не и за Кери Армитејџ и нејзиниот сопруг Питер. Кери, имено, пати од ретко пореметување, аквагена уртикарија, или поедноставно, алергија на вода. Болеста и е дијагностицирана пред две години кога кожата, откако накиснала, и останала прекриена со болни пликови.

 

Така девојката која има 28 години мора да се воздржи и од бакнежи со сопругот, бидејќи плунката од неговите усни би можела да предизвика силна реакција. Кери вели дека тоа не се случува секогаш, може да повторува некои работи и ништо да не се случи, но еднаш тоа едноставно се случува и доживува силна реакција. Нема проблем со конзумирањето вода, само не смее да дозволи да и ја допре кожата. Така морала да се “одвикне“ од плачење, но и од активности од кои би можела да испоти.