На Дарен Јанг од Донкастер, Велика Британија, два пати му застанало срцето пред лекарите да откријат дека пати од една од најретките алергии на светот, односно бил алергичен на полиетиленски гликол, кој е составен дел од пастата за заби, кремовите, шминките и уште илјадници други производи. Алергијата му го уништува срцето и лекарите го посоветувале да се дистанцира од сопствената сопруга.
Кога ќе дојде време за спиење на неговата жена не и требала главоболката како изговор. Таа едноставно се мачка со млеко за тело, а тој не се осмелува да и пријде за да не умре. Дарен работи како возач на автобус.