Алергичните напади воопште не се пријатно искуство, но можат да се спречат доколку ги избегнувате работите на кои се алергични. Така логично е оној кој е алергичен на плодови од морето да не јаде школки, или онок кој е алергичен на лактоза нема да конзумира млеко и млечни производи. Сепак, седумгодишниот Јуниор ракрофт не може така лесно да ги избегне алергиските напади. Имено, овој млад британец е алергичен на самиот себе.
Поточно, алергичен е на својата коса, односно на нејзините фоликули кои неговото тело лошо ги прифаќа. Затоа секојдневно пати од опасни напади, а во болница завршил повеќе од 50 пати поради потешкотии со дишењето предизвикани од алергиски реакции. Но, косата не е единствено нешто на што е алергичен. Кога имал само една година, мајката го бакнала откако јадела ореви, а момчето едвај останало живо од алергиската реакција. Набрзо после тоа дијагностицирана му била и астма, како и алергии на мачки, кучиња, зајаци, коњи, заморчиња, трева…