Репрезентативецот на Чиле, Алексис Санчез профитираше од отказот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед заработувајќи 20 000 фунти. Паричните средства офанзивниот фудбалер ќе ги добие од облог со Маркос Рохо кој не верувал дека Мурињо со отказ ќе ја заврши авантурата на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед и португалскиот стручњак соработката ја прекинаа во вторникот. За предвремениот раскин на договорот Мурињо доби 24 милиони фунти, а „црвените ѓаволи“ веднаш го ангажираа Оле гунар Солскјаер кој ќе остане до крајот на сезоната.
Алексис Санчез беше едно од последните засилување на Манчестер Јунајтед во ерата на Мурињо. Чилеанецот на Олд Трафорд доведен беше во размена со Хенрик Мхтаријан кој се пресели во редовите на Арсенал. 30-годишниот фудбалер зема највисока плата помеѓу играчите на Олд Трафорд.
OhridNews