Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез, сламка за спас на кариерата посегна во Интер како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, но од разочарување и фрустрирации некогаш голгетерот број еден на Барселона и Арсенал, не доби ништо друго.

Разочарувањето и фрустирациите на Алексис Санчез за јавноста ги откри селекторот на репрезентацијата Реиналдо Гуеда кој редовно комуницира со фудбалерите.

Ова е прилично трауматична година за него, вистинско мачење. Се тргна надолу по неговиот трансфер од Арсенал во Манчестер Јунајтед. Тој дојде да учествува во Копа Америка во Бразил, но потоа имаше несреќа да се повреди во контролната средба со Колумбија. Тој, исто така, имаше лош почеток на престојот во Интер, и веднаш штом се опорави, започна пандемијата на коронавирусот. Се надевам дека тоа скоро ќе заврши затоа што тој е страшен професионалец кој може да одржи високо ниво во кој било клуб доколку му се даде шанса. Тој се уште може да игра фудбал на највисоко ниво. – изјави селекторот на Чиле.

Алексис Санчез, задолжителниот карантин во Италија го поминува во друштво  на згодната манеканката Ана Модлер, која сигурно е добра утеха за слабата сезона.

Чилеанецот сигурно ќе се врати на Олд Трафорд, а потоа во разговори со управата и менаџерот Оле гунар Солскјер ќе одлучат што и како понатаму.

OhridNews