Италијанските калчолигаши Рома и Милан се подготвуваат за новата сезона во која ќе имаат обврска да се вратат во самиот врв од Серија А. „Џалоросите“ и „росонерите“ неколку сезони не се конкуретни во италијанскиот фудбал а со новите трансфер цели, екипите ставаат до знаење дека сакаат нешто да променат.
Составот на Рома во своите редови го посакува фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез. Чилеанецот сезонава ја поминува како позајмен фудбалер во Интер. Ако фудбалерот се согласи на помала плата лесно може да се случи следната сезона да биде главната ѕвезда на Олимпико.
Екипата на Милан будно ја следи ситуацијата со Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец не се снајде најдобро во дресот на Реал Мадрид и опција може да биде позајмица во италијанскиот клуб. „Росонерите“ со евентуалното доведување на Србинот ќе го обединат тандемот „Јовиќ-Ребиќ“, кој „кинеше“ мрежи во дресот на германски Ајнтрахт Франкфурт. Ценаа на Јовиќ изнесува 35 милиони евра.
OhridNews