Александра Пилева, Мартин Вучиќ и групата „Блум“ ќе настапат во Охрид за Нова година, соопшти вечерва локалната самоуправа.

Тоа ветува дека Охрид и годинава ќе има одличен дочек на Новата година, а предвидуваме и голем број други изненадувања, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Пејачката Пилева која ќе настапи во живо со групата „Мајка“ од Струга, вети одлична забава на градскиот плоштад. Чест ми е што ќе настапам во Охрид рече во изјава за ohridnews, Пилева.

Со задоволство ја прифатив понудата на градот Охрид да настапам на дочекот на Нова година на плоштадот. Можам да ветам  добра забава за сите што ќе дојдат на плоштадот во Охрид. Ќе понудиме добра забава и одлична журка, рече Пилева. Ќе пеам песни од мојот репертоар, неколку новогодишни и божикни песни кои  ќе ги аранжираме во рок верзија и нормално македонски песни, додаде Пилева.

ohridnews