Британците многу се љубопитни за тоа како ќе се вика бебето на кралскиот пар Кејт и Вилијам, па кога се работи за името, тие се обложуваат.

Откако војвотката од Кембриџ признала дека очекува дете со сопругот Вилијам, не престанува интересот на јавноста за бебето на кралскиот пар. Така, во британските обложувалници се појавило името Александра како најпристојно за нивната идна ќерка.

Кејт е во шестиот месец од бременоста, а по силните утрински мачнини, поради кои пред неколку месеци завршила во болница, сега се чувствува многу подобро и, како што тврдат познаници на парот, едвај чекаат да го донесат на свет своето прво дете.