Актерот Александер Скарсгард, кој на широката публика и е познато по улогата на вампирот во серијата „Вистинска крв“, ќе го толкува ликот на Тарзан во новиот филм на дејвид Јејтс. Во неодамна дадено интервју за списанието „Vulture“, актерот открил дека дејството на филмот започнува во Лондон кон крајот на 19 век, каде Тарзан веќе осум години живее со Џејн, а потоа се враќа во Конго.
Ликот на популарниот Тарзан го створил Едгар Рајс Бароуз во далечната 1912 година. Додека претходните адаптации на Тарзан се фокусирале на оригиналната приказна, оваа ќе се занимава со малку повозрасниот и веќе помудар Тарзан кој се враќа во џунглата.