Студиото Ворнер Брос ги објави првите фотографии од новиот филмски хит ‘The Legend of Tarzan’. Да бидеме попрецизни, една од фотографиите предизвика неверојатен интерес кај женскиот дел од публиката. Новиот Тарзан е ѕвездата на серијата ‘True Blood’, актерот Александер Скарсгард, кој за оваа улога уште малку „поработе“ на себе и го прошири и онака широкото тело.

 

Токму во серијата ‘True Blood’ сите имавме можност да го видиме како од мајка роден, така да не е чудно што обожавателките беа многу среќни кога го погледнаа во ова издание. Оваа нова верзија на познатата приказна за Тарзан сепак ќе донесе некои новости. Овој пат Тарзан нема да мора да се „припитоми“ и да се навикнува на цивилизацијата, туку од цивилизацијата ќе се врати во џунглата каде ќе мора да го пронајде она дивото во себе.