Поранешниот фудбалер на Младост Царев Двор, Александар Целески ги засили редовите на Тиквеш од Кавардарци кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.


Целески треба да биде освежување во составот од кавадаречкиот клуб кој нема освоено бод во второлигашкото друштво.

Клубот од Кавадарци се уште го носи името Љубанци поради фузијата, а името ќе го промени после завршување на есенската полусезона.

Шанса за деби Целески во новиот клуб ќе добие следниот викенд кога Тиквеш пред своите гледачи го пречекува Еуромилк.

OhridNews