Македонската фудбалска репрезентација против Австрија на гостински терен и против Израел на домашен терен во Скопје ќе ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. „Црвено жолти“ иако мали сепак имаат шанси за пласман на првите две позиции на табелата кои водат на континенталниот собир.

Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција. –  изјави Александар Трајковски.

Македонија натпреварот со Австрија го игра на в сабота на 16 ноември а средбата со Израел на 19 ноември во вторник на Националната арена „Тодор Проевски“.

OhridNews