Кошаркарската репрезентација на Македонија доби нов селектор откако Кошаркарската федерација на Северна Македонија го презентираше Александар Тодоров. Двете страни потпишаа договор од времетрање на 18 месеци со опција за продолжување на соработката за дополнителни четири години.
- Сметам и наидов на поддршка дека покрај пласманот на ЕП 2021 треба да се изврши и подмладување на репрезентација, затоа што имавме млади генерации кои играа на Европски првенства, а досега имавме проблем со подмладувањето. Исто така имаме успешни млади играчи и дома и во странство. Подмладувањето можеби звучи како алиби, но се работи за потреба да се даде шанса на тие деца кои многу скоро треба да станат костур на тимот. Имаме два меча во февруари во Естонија и Русија. Спортски гледано е да ја победиме Естонија и да одиме на ЕП 2021, додека неспортски гледано е Русија да не добие шанса за настап, па директно да патуваме на собирот. Но, немам јас таква среќа. Во нашата група Италија е директно пласирана, не знаеме со каков состав ќе игра. Ние допрва ќе го откриеме списокот, но горе-долу веќе ни е познато кој ќе игра. – изјави Тодоров.
Десна рака на новиот селектор ќе му биде актуелниот тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, а другите членови во екипата ќе бидат дополнително одредени и објавени.
Македонската кошаркарска репрезентација првиот собир со новиот селектор ќе го има во месец февруари следната година.
OhridNews
Фото: Екипа.мк