Изминатиот викенд во Охрид се одржа 18-то издание на фестивалот „КАНЕОФЕСТ “ 2019. На фестивалот беа изведени 29 композиции. Гранд при во поп делот го доби Теодора Петруновиќ Р.Србија) за песната „Бона рана“, додека Гран При во фолк делот освои Александар Темелков за песната „Љубов моја“. Аранжманот на песната е на Славко Ристески, текстот е на Александар Темелков, а музиката е на Стојан Лазаревски.

Останати награди во поп делот:
Најдобар текст Огнен Неделковски-„Знам имаш друга“ Деспина Спасовска
Најдобар аранжман Горан Милошевски –„Знам имаш друга“ Деспина Спасовска
Најдобра сценска изведба „Сини очи “-Милана Лукиќ
Најдобар дебитант „Ако ме сакаш“ Јана Митева

1 награда од жири комисија –„Нова љубов“,Амбасадор бенд
2 награда од жири комисија-„Љубовен блуз“-Малин Асенов (р.Бугарија)
3 награда од жири комисија „Лето ти и јас“-група Уникат

Останати награди во фолк делот:

1 награда од публика Дејан Добревски “Рашири знаме македонско“
2 награда од публика „Чудни пораки “ Златко Петрески,кој ја освои и третата награда од жири комисија
3 награда од публика „Свадба “ –Здравко Кузески

2 награда од жири комисија „Марија“ Горан Симевски

Најдобар текст „Пијан од спомени “Петар Миленковски
Најдобар аранжман „Ветени “ Сашо Маџароски Конди
Најдобар композитор Славко Ристески за песната „Марија “
Најдобра сценска изведба Венци Пенев за песната „МАјко добар ден “ (р.Бугарија)

Фестивалот беше поддржан од Општина Охрид.

OhridNews