Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во наредните четири години ќе ја води Александар Стефанов. РФМ ги избра и членовите на новиот Управниот одбор каде ГРК Охрид ќе го претставува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
ГРК Охрид упатува честитки до новиот претседател на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов. Градоначалникот Кирил Пецаков е член во новиот Управен одбор на РФМ, со што ГРК Охрид има свој претставник во највисокото ракометно тело, соопшти ГРК Охрид.
Aлександар Стефанов веќе извесен период беше член на УО на РФМ. Тој доаѓа од РК Бутел и е шестиот претседател на РФМ во историјата на независна Македонија. На чело на РФМ тој ќе застане на местото на Живко Мукаетов кој три мандати ја водеше со успех федерацијата.
Г.М.