Првото високо признание му е доделено од страна на претседателот на Сенатот на Република Италија, г-дин Ренато Сбиѓани. Ова признание традиционално се доделува секоја година на високи државници, а на Петрески му е доделено за покажаната исклучителна активност за промоција на Охрид во Светот и за продлабочување на врските меѓу Македонија и Италија.
Второто признание е наградата за мир, верба и прогрес што ја доделува Европската асоцијација АНМИЛ. Ова признание се доделува на секои две години на личности кои дале придонес во ширењето на културата , соработката и толеранцијата меѓу народите. Охридскиот градоначалник ова награда ја доби заради заслугата во ширењето на културата, развојот на туризмот и промоцијата на Охрид.
Признанијата на градоначалникот, официјално ќе бидат објавени утре во 11 часот, на приемот што го организира градоначалникот за охридските атлетичари.