„Рибарите“ после победата над Јагодина (2-0) и поразот од Пелистер (2-0), запишаа реми во контролните натпревари од подготвителниот период, играјќи 2-2 против македонскиот прволигаш, Ренова. Двете екипи во текот на мечот имаа водство по еден погодок, а на крај, дуелот заврши без победник 2-2.
Иако дуелот со Ренова е наш трет натпревар во подготвителниот период, ние париравме повеќе од солидно во текот на сите 90-ет минути. Во одбрана делувавме доста борбено, одговорајќи на нивните напади, додека во офанзивна бевме конкретни. Се на се одигравме добар и квалитетен натпревар против екипа со долгогодишен стаж во Првата лига. Досегашниот дел од подготовките течат според планот. Работиме максимално на тренинзите. Повредите за сега не одбегнуваат, а од ден на ден се подобруваме и мислам дека ќе не очекува возбудува фудбалска пролет во Охрид. – изјави Александар Ѓорѓиески.
Охридските „сино-бели“ во четвртиот тест натпревар силите ќе ги одмерат со составот на Струга Трим Лум. Мечот се игра в сабота во 14 часот.
OhridNews