Милојевиќ, кој оваа сезона судеше на бројни меѓународни натпревари, а во претходниот период се најде во Топ 50 перспективни судии во Европа, е втор македонски судија кој ќе суди на ЕП.Марјан Стојовски беше на листата на судии на ЕП во Франција 1998 година.
Милојевиќ се најде во друштво на Шмуел Бахар (Израел), Илија Белошевиќ (Србија), Матеј Болтаузер (Словенија)м Ромулдас Бразаускас (Литванија), Димитар Гологанов (Бугарија), Роџер Харисон (Англија), Даниел Херезуло (Шпанија), Енгин Кенерман (Турција), Олегс Латисевс (Летонија), Роберт Лотермозер (Германија), Сергеј Михајлов (Русија), Сретен Радовиќ (Хрватска), Лазарос Вореадис (Грција) и Јакуб Замојски (Полска).