Спортот во град Охрид во името на Нина Балабан ќе добие трет учесник на Летни Олимписки Игри. Претходно, магијата на петте кругови на своја кожа ја почуствуваа пливачот Александар Маленко и атлетичарот Реџеп Селман.
Стрелачката Балабан која е една од петте македонски спортисти на Олимписките игри во Рио ќе се натпреварува во гаѓање на десет метри со воздушна пушка.
– Нина е млад и успешен спортист, а јас лично и посакувам да оствари најдобар резултат и верувам во тоа. Учеството на Олимпијада за неа треба да отскочна даска за што повеќе успеси во иднина. Пласманот е важен на еден ваков настан тоа е несомнено, но искуството што ќе го акумулира ќе и биде од големо значење во понатамошната кариера. – рече Александар Маленко.
Тој неодамна потенцираше дека спортистите најмалку се криви за неуспехот односно учеството на Олимпијадата со покана, а не со остварена А норма.
Трета Олимпијадата по ред Македонија нема свој спортски преставник со обезбедена А норма туку со „вајлд карта“ од спортските федерации.
Мх.П.