Поранешниот македонски олимпиец, светски младински првак, освојувач на шест европски одличја, двократниот спортист на Балканот и деветкратниот спортист на Македонија, Александар Маленко на пресконференција зборуваше за потенцијалното учество на пливачот Марко Блажевски на Олимпијадата во Рио и ниското ниво во македонскиот спорт.
– Во 2010 година Пливачката федерација на Македонија донесе одлука која е потпишана од претседателот и селекторот во која стои дека пливач на Олимписки игри со вајлд карта може да настапува само еднаш. Што значи дека наредните Олимписките игри пливачот може да учествува само ако избори А олимписка норма. Истата таа е одлука е предадена во МОК, а директориумот едногласно ја усвоил на генералното собрание во МОК. Блажевски на Олимписките игри во Лондон учестуваше со валјд карта. Јас лично сакам да замине Блажевски, но во случајов треба вината да се бара во неговиот тренер и матичната федецерација односно Пливачката федерација која одлуката од 2010 година не ја променила. – рече Маленко.
Маленко посочи дека од 2004 година до сега буџетот за спорт во земјата е зголемен за 15-18 пати и дека е недозволиво да се даваат големи средства, а резултатите да изостануваат.
– Замислете за само еден потенцијален кандидат за Олимписки игри се потрошени 4 милиони долари за 6 години, 250.000 долари се инвестирани во еден спортист без верификувана норма кој треба да замине со вајлд карта. – истакна Маленко.
Македонија трета Олимпијада по ред нема свој преставник со А норма, спортистите учествуваат со покана односно „вајлд карта“. – Како поранешен учесник на Олимпијада мора да расчистиме некои работи и да и погледнеме на вистина во очи. Македонија се наоѓа во тешка спортска криза. Нашата земја, трета Олимпијада по ред учествува со спортисти кои имаат вајлд карта, а не обезбедено норми во своите дисциплини. Без оглед на тоа, на сите нив треба да им се посака спортска среќа и достојно да се испратат на Олимпијада, без никакви притисоци, но и дека е крајно време да запрат сите манипулации кои 25 години го оптоваруваат спортот во земјава. – додаде Маленко.
За сега, Македонија има четири потврдени спортски преставници во Рио меѓу кои се стрелчката Нина Балабан, џудистката Катерина Николовска и атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами.
OhridNews