Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), соопшти дека претседателот Александар Маленко стана член на Управниот одбор на Европската пливачка асоцијација.
За првпат во нашата спортска историја како држава, имаме наш претставник кој е избран во Управен Одбор на Европска Пливачка Федерација – ЛЕН. – објави ПФСМ.
Од федерација во прилог го приложија официјалното писмо од Европска Пливачка Федерација- ЛЕН и Претседател Паоло Барели.
Во водите на Охридското езеро, минатата година во рамките од LEN Open water програмата се одржа 10-километарска трка на која триумфираа грчкиот пливач Чаралампос Кинигакис и Португалката Анџелика Андре. Годинава поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот сите пливачки манифестации во Охрид беа одложени.
OhridNews