Александар Јованоски од ХВА РАНГ ИТФ клубот од Лескоец ќе биде единствениот македонски преставник на Светското првенство теквондо кое ќе се одржи во Италија септември месец.

Јованоски ќе се натпреварува во форми, црн појас прв дан и во борби за јуниори до 69 килограми. Тој условите односно нормата за учество на Мундијалот ги исполни закитувајќи се со црн појас пред одреден период.

Младиот теквондист кој тренерира со Марјанчо Лазарески на СП во Италија ќе патува со голема верба во себе и надеж за што подобар резултат.

OhridNews