Деловите од споменикот на Александар биле донесени со повеќе камиони околу 2 часот по полноќ, a наредните денови треба да пристигнат и преостанатите сегменти.
Екипа од Италија започна со монтажа на споменикот висок 13 метри, која според најавите ќе трае околу две недели. Тој ќе биде поставен на постамент – фонтана висок речиси 15 метри. Ќе го „чуваат“ 8 лава. Вкупната вредност на споменикот се проценува на 9,4 милиони евра.