„Рибарите“ успешно стартуваа во третиот натпреваручки круг во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи ја Дрита со минимални 1-0, на СРЦ „Билјанини Извори“. Човек на одлука беше Александар Целески, кој погодокот за победа го постигна на стартот од второто полувреме.
Натпреварот беше тежок, тврд и неизвесен како што очекувавме. Иако бевме фаворити знаевме дека треба да одиграме многу добро во текот на целиот меч за да ги освоиме бодовите. Среќен сум за погодокот, но пред се за победата, која не остави во игра за втората позиција на табелата во Втората лига, – изјави Целески.
За охриѓани ова беше деветти триумф во десеттиот натпревар на домашен терен сезонава, додека Целески го запиша петтиот погодок зад своето име.
OhridNews