Фудбалерите на Охрид запишаа нови три бодови на табелата во второлигашката конкуренција победувајќи го аспирантот за висок пласман Гостивар со минимални 1-0. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Александар Целески. Напаѓачот на „рибарите“ мрежата на гостите ја погоди во 81-минута. Претходно во првиот дел, Гостивар не реализираше од белата точка.

Александар Целески – Најсреќен сум за победата бидејќи мојот погодок немаше ништо да значи ако не победевме во натпреварот со Гостивар. Одигравме добро како целина, се боревме за секоја топка и на крајот најдобрата награда стигна со победата. Свесен сум за постот без погодок, но на секој меч во кој играм јас давам максимум и се борам за дресот на Охрид.

Марино Маркоски – Им честитам на играчите за победата, пристапот и желбата за игра. Поминавме турбулетна недела со одложување на натпреварот, повреди и слично, но покажавме карактер и квалитет против најдобрата екипа во Втората лига. Тактички добро се подготвивме, иако имавме неколку грешки, од кои за среќа не примивме погодок. Констатно на тренинзите работиме на прекините и овој пат испадна како што планиравме и посакувавме.

Екипата на Охрид со победата комплетираше позитивен исход со Гостивар, бидејќи првиот натпревар кој се одигра на стартот од сезоната заврши без голови 0-0. За „рибарите“ ова беше четврти триумф вкупно сезонава, а Гостивар го претрпе вториот пораз во серија. Во деветтата рунда изгуби од Кадино 3-0.

Мх.П.

Голем триумф на Охрид, „рибарите“ му зедоа мерка на лидерот Гостивар!