Алекса Петровиќ од Јагодина, Србија, со својата инвалидска количка годинава повторно во тим со неговиот со-тркач Марко Гајиќ беа дел од „Охрид трчаТ“ со единствена цел да испратат порака дека сите сме исти.

Трката од 21К годинава ја истрчаа за 2 часа и 5 секунди, со што постигнаа подобро време од минатата година.

Втор пат учествуваме на „Охрид трчаТ“. Минатиот пат кога учествуваме за прв пат самостојно трчавме заедно со Алекса и постигнавме време од 2 часа и 15 минути, а оваа година ја истрчавме предвидената патека за 2 часа и 5 секунди. Се вративме зошто ни се допаѓаше целата организација, а и стазата. Нашата цел на сето ова е да упатиме порака до луѓето, како што прават и тимовите кои се слични на нас ширум светот, дека сите треба да сме рамноправни на спортските манифестации, било да се тоа полумаратони, маратони, вели атлетичарот Марко.

Додава дека трчаат само полумаратони и маратони, потенцирајќи дека пред неколку викенди трчале на Сараевскиот маратон каде што го подобриле времето за 30 минути, достигнувајќи време од 4 часа и 23 минути, но сепак за 7 минути не можеле да обезбедат учество на Босанскиот маратон.

Драго ни е што слушнавме дека и уште еден дечко од Скопје учествуваше со количка незнам дали на 5К или на полумаратонот. И во 2020 година кога бевме во Сараево на маратонот, наредната година дојдоа уште десет лица со инвалидитет, каде беше и една девојка и дечко кои се слепи. Нас ни е драго што луѓето можат да видат дека слободно рамноправно можат да учествуваат со сите останатите натпреварувачи. Тоа ни е едниствена цел и секако да ги поместуваме нашите граници и да одиме понатаму, вели Марко.

Најавуваат дека се подготвуваат за повторно враќање во Охрид на 27 август за да учествуваат на Акватлонот каде што ќе пливаат 500 метри и ќе трчаат три километри поврзано.

Н.С.Ј./Г.М.