Алек Болдвин и неговата 26 години помлада вереница Хиларија Томас се венчале во Њујорк. Томас, која е инструкторка по јога, и актерот Алек Болдвин се во врска од април минатата година.
На актерот ова му е втор брак. Бил оженет со Ким Бесинџер со која има една ќерка, која била присутна на венчавката на својот татко. Невестата носела венчаница на „Амсал“, а младоженецот избрал одело на креаторот Том Форд.