Додека повеќето луѓе мислат на некои убави работи, актерот Алек Болдвин открил на Твитер дека сонувал за тоа да го убие адвокатот на својата поранешна сопруга Ким Бесинџер.
Спорот кој актерот го водел со Ким околу старателството над нивната ќерка бил толку стресен, што сакал да му се освети на противничкиот адвокат.Лудата идеја актерот ја добил непосредно по разводот. Сепак, тоа не бил крај на неговите фантазии, и освен него им се заканувал и на уште некои други лица.