Американскиот актер минатата седмица завршил во болница во Њу Јорк откако наводно се скарал со својата ќерка. Американските медиуми пренесуваат дека Алек при излегувањето од болницата нападнал еден папарацо затоа што мислел дека бил испратен од Ким Бесинџер.
Со својата поранешна сопруга е во судски спор за старателството над нивната ќерка. Кога го забележал папарацито, наводно му пришол, го фатил за вратот и му рекол дека е најголемиот олош на светот.