Американскиот актер Алек Болдвин ја запросил 30-годишната инструкторка по јога Хилари Томас, со која е во врска од минатото лето. Според пишувањата на интернет порталите, веста протекла во јавноста која актерот преку Твитер му се заблагодарил на некој пријател кој му ја честитал веридбата.
Болдвин претходно 12 години бил во брак со актерката Ким Бесинџер, со која ја има 16-годишната ќерка Ајрленд, околу чие старателство со години воделе беспоштедна битка на суд.