Актерот Алек Болдвин во четвртокот вечерта бил уапсен во Њујорк. Тој бил запрен од страна на полицијата поради сообраќаен прекршок, а автомобилот го управувал без возачка дозвола односно таа му била суспендирана.

Тој прекршил неколку закони бидејќи не смеел да управува со моторно возило па поради тоа бил уапсен и ноќта ја поминал во ќелија. За овој инцидент актерот мора да се појави на суд во Октомври.