Алек Болдвин завршил во болница поради сомневање дека се предозирал со апчиња кои ги добива на рецепт, а брза помош во тој момент повикала неговата 14-годишна ќерка.

Американската ТВ станица Ен-Би-Си известила дека неговата здравствена состојба откако е пренесен од својот апартман во Западен Менхетен е подобра. Болдвин кој има остварено бројни филмски улоги моментално глуми во повеќепати наградуваната ТВ серија “30 rock“.