Алек Болдвин се пофали на социјалните мрежи дека неговата сопруга Хиларија се породи и дека стана татко на момче. Актерот овие среќни вести ги објави преку емотивна порака на Инстаграм, со која го откри и името кое го избрале за момчето.
Тој напиша дека со радост го објавуваат раѓањето на Рафаел Томас Болдвин. Славниот пар веќе ја има 22-месечната ќеркичка Кармен, а Алек со актерката Ким Бесинџер ја има и 19-годишната ќерка Ајрленд. Алек и Хиларија на 30 јуни ќе ја прославата третата годишнина од бракот.