Водечката екипа во Серија А, Јувентус комплетно потфрли на гостувањето на „Метрополитано“ стадионот во Мадрид претрпувајќи пораз од Атлетико (2-0). Домашните фудбалери во целост ги засенија италијанските супер ѕвезди покажувајќи им како се игра и победува на натпревар од Лигата на Шампиони.

Предводникот на Јувентус, Алегри причината за поразот ја најде во слабата игра во второто полувреме и обидот да се прати Атлетико Мадрид.

  • Второто полувреме го одигравме многу слабо. Ги пратевме нив, а тие знаат да одиграат многу добро на резултат кој им одговара.  Нашиот гол „висеше“, бидејќи од контранапади неколку пати Атлетико Мадрид имаше изгледни прилики, а ние немавме шут на голот до судиското продолжение. Не изненадија од агресивноста во фаза во напад, затоа што Атлетико е познат по борбена игра во одбраната. Имавме добар проток на топка во првото полувреме, не и во второто.  – изјави Алегри.

Италијанскиот стратег смета дека Јувентус има шанси да го сврти резултаот во своја полза и да продолжи понатаму во ЛШ.

  • Се уште не сме мрвти и имаме шанси да го свртиме резултатот во наша полза. Мораме да веруваме во нас. Знаеме дека не чека тешка задача, пак ќе повторам Атлетико Мадрид е незгоден ривал на 0-0, а не на резултатот кој сега го имаат.  – потенцираше Алегри.

Јувентус минатата година покажа дека може да се носи со секаков вид на предизвик, откако надополни три голови негатива во Мадрид од поразот во Торино против Реал Мадрид. „Кралевите“ со гол од пенал во судиското продолжение намалија на 1-3 и со вкупен резултат 4-3 се пласираа понатаму.

OhridNews