Најтрофејниот италијански клуб Јувентус во 1/4 финалето ги заврши мечевите во Лигата на Шампиони. „Бјанконерите“ беа едни од потесните фаворити, но во 1/4 финалниот двомеч со Ајакс со ништо не ја оправдаа таквата улога и заслужено отпаднаа. Првиот меч во Холандија заврши 1-1, а во Торино, Јувентус претрпе пораз 2-1.

  • Ајакс потполно го заслужи пласманот понатаму и јас им честитам. Немој да заборавате дека овој тим играше во финале од Лигата на Европа и дека овој успех е случаен. Ние игравме добро во првото полувреме и мал дел од второто. Потоа се вовлече некој страв во нашата екипа. Во тимот имаме доста млади играчи кои немаат искуство во вакви натпревари. Во оваа фаза деталите одлучуваа, така беше и на нашиот двомеч. Од трите примени голови во двомечот со Ајакс, два беа наши поклони, што не е дозволиво. – изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Тој додаде оти нема да замине без разлика на елиминацијата и неуспехот да се освои титулата во Лигата на Шампиони. – Дадов збор дека ќе останам и така ќе направам. Ќе седнеме заедно сите и ќе разговараме за идните планови.

Мала утеха за симпатизерите на Јувентус ќе биде титула во Серија А. „Бјанконерите“ годинава не успеаја да ја одбранат титулата во Купот, а сезоната кога ќе се сумира веројатно нема да биде успешна.

OhridNews