Новиот неуспешен обид на ПСЖ за освојување на титулата во Лигата на Шампиони и крајно лошата ситуација и атмосфера во екипата пред крајот на сезона можеби ќе донесе некои значајни промени во составот за следната.

Како една голема промена се рачуна на тренерската позиција. Германецот Томаш Тухел не ја оправда довербата, а неговото место се сместува Масимилијано Алегри, кој најверојатно ќе се збогува со Јувентус. Италијанскиот стручњак исто како и Тухел не успеа во ЛШ иако во тимот го имаше рецептот за титула-Кристијано Роналдо.

Ако Алегри го прифати предизвикот и замине во Париз, прв фудбалер кој ќе донесе со себе е Миралем Пјаниќ. Босанецот игра важна алка во мозаикот на Алегри и затоа не е чудо ако повторно работат, овој пат во Париз.

Репрезентативецот на БиХ во Јувентус се пресели од Рома, а со оглед на годините кои ги има Пјаниќ оштета не би требало да биде голема и проблем за ПСЖ.

OhridNews