Раководството на италијанскиот шампион Јувентус експресно најде замена за Антонио Конте, кој во вторникот поднесе неотповиклива оставка на функцијата. Нов тренер на Јувентус е Масимилијано Алегри, тврди весникот Gazzetta dello Sport.

Алегри, во 2011 година со Милан ја освои шампионската титула во Серија А, но на почетокот на оваа година поради серијата на лоши резултати доби отказ.

 Масимилијано Алегри во кариерата бил тренер на Гросето, Сасуоло и Каљари, како тренер на Јувентус годишно ќе заработува два милиони евра.

Јувентус и Конте се разделија