“Росонерите“ со триумфот во градското дерби над Интер се одлепија на табелата на пет бодови и на големо си го трасираа патот до 19-то Скудето. Бразилецот во дресот на Милан, Алесандро Пато беше нерешлива енигма за одбраната на “нероазурите“ постигнувајќи два погодоци.


Во првото полувреме бевме претпазливи но во второто бевме далеку, далеку подобри. Победата е заслужена целосна а целата екипата си ја одбработи својата задача максимално. Пато беше фантастичен додека Сидорф инзводреден – потенцира Масимилијано Алегри тренерот на Милан.


Антонио Касано со влегувањето во игра во финишот на натпреварот внесе свежина во играта а успеа да постигне погодок и да заработи црвен картон.  Постои една несекојдневна навика кај Касано кога ќе постигне погодок го прославува со слекување на дресот, што атоматски значи жолт картон – додаде Алегри.


На два пати се поклона за голема победа, Алесандре Пато.