Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, откако ја совлада Фиорентина и се пласираше во финалето на Купот на Италија, е уверен дека ќе остане во тимот уште три години.

Пласманот во финалето против Интер беше целта на сезоната. Беа тешки неколку дена по ремито со Болоња, кога не успеавме да ги претвориме во гол нашите шанси. Требаше порано да го постигнеме вториот гол. Не можев да барам повеќе од овие момци, бидејќи истите играчи играат речиси цело време во последните четири месеци. Дали ќе ме гледате како менаџер на Јувентус следната сезона? Во текот на следните три! Веќе е кажано дека Јувентус секогаш треба да цели кон победи. Најмногу сум разочаран од поразот на средбата со Интер, бидејќи токму овој резултат ја реши судбината на лигата, изјави Алегри за „Фудбал Италија“.

Финалето на Купот на Италија ќе се одржи на стадионот Олимпико во Рим на 11 мај. Јувентус ќе игра против Интер. Ова ќе биде 21. финале на Купот на Италија за Јувентус и седмо во последните осум сезони.

OhridNews