Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не е уверен дека неговиот тим може да ја освои шампионската титула оваа сезона во Серија А.
Мислам дека не можеме да го освоиме Скудетото оваа сезона со помалку од 90 бодови.
Јувентус е далеку зад лидерот Наполи. Сепак, мора да продолжиме да се бориме. Ќе ги наполниме батериите во јануари и ќе продолжиме по нашиот пат, изјави Алегри.
Јувентус синоќа го победи Лацио со 3:0 во 15 кола од Италијанското фудбалско првенство.
Лидер во поредокот во Серија А е Наполи со 41 бод, Милан е втор со 33, Јувентус има 31, Лацио и Интер по 30.
OhridNews