– „Охридски комуналец“ на државата и должи 3.3 милиони денари, додека државата ни должи 10 милиони, преку долгови на институции и државни јавни претпријатија. „Охридски комуналец“ има побарувања од болниците во износ од повеќе од 450 илјади денари, од училиштата над 350 илјади денари, државните јавни претпријаија над 4,4 милиони денари, Министерството за финансии над 3,2 милиони денари. Разликата во долгот изнесува 6.8 милиони, средства со кои доколку би биле подмирени би набавиле две специјални возила за собирање смет, рече Алчев.
Според Алчев бавното реалирање на судските побарувања од должниците, како што се правни субјекти под стечај, згаснати, ликвидирани фирми, дополнително го оптоваруваат финансиското работење на претпирјатието и наплатата на долговите .
– Се уште немаме сопственичко право над земјиштето кое во овој момент го користиме и не можеме да инвестираме како јавни претпријатија за да ги намалиме трошоците. Тука треба државата да помогне, нагласи Алчев, додавајќи дека, вчера донесениот Закон за плаќање на рати на даночните долгови на јавните претпријатија основани од Република Македонија или од општините, не го решава проблемот, туку само претставува мерка која оддолжува нивната агонија. Според Алчев образложението на Законот од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ содржи лоши квалификации и невистини, кога е во прашање ЈП „Охридски Комуналец“.