Иако минаа три децении од објавувањето на албумот „Трилер“ на Мајкл Џексон, култното издание продолжува да соборува рекорди според продажбата. Американското здружение на дискографи соопшти дека албумот на кралот на попот го надмина прагот од 30 милиони продадени копии во Соединетите Американски Држави. Со тоа Џексон стана првиот уметник чиј албум 30 пати достигна мулти платинест тираж.

 

Во соопштението на американските дискографи се наведува дека „Трилер“ оствари уште подобри резултати надвор од САД, со 100 милиони продадени копии ширум светот од објавувањето во 1982 година. Музиката на Џексон доживеа голем скок на популарноста после неговата смрт во 2009 година. На албумот покрај насловната нумера се наоѓаат уште два големи хитови на Џексон, „Beat It“ и „Billie Jean“.