Новиот албум на Тејлор Свифт во текот на првата седмица од издавањето е продаден во речиси 1,3 милиони копии, пренесуваат агенциите. Куќата Нилсен Саунд Скан објавила дека албумот остварил најголема неделна заработка од албумот на Еминем “The Eminem Show” кој во 2002 година бил продаден во 1,322 милиони примероци во првата седмица.
Тејлор Свифт е единствена која успеала три албуми да продаде во повеќе од милион примероци во првата седмица од издавањето. Нејзиниот „Ред“ издаден цо 2012 бил продаден во 1,2 милиони примероци, а “Speak Now” од 2010 во речиси 1,1 милион. Петтиот албум на оваа 24-годишна пејачка која тргнува на светска турнеја следната година, го карактеризира хитот “Shake It Off”.