Продуцентот на пејачката Лејди Гага изјавил дека сеуште има многу да се работи на нејзиниот нов албум кој ќе се вика ‘Artpop’ и дека албумот сеуште не е спремен да излезе пред публиката. Германскиот продуцент и ди џеј Зед објаснил дека тој и пејачката имаат доста обврски поради кои ја забавиле работата на албумот.

На албумот работеле повќе од една година. Им останало уште доста работа така да дефинитивно албумот нема да излезе наскоро. Лејди Гага моментално се наоѓа на својата турнеја во САД.