Еден месец по смртта на пејачката Ејми Вајнхаус, нејзиниот албум “Back to Black” станал најпродаваниот албум во 21 век во Велика Британија, соопштила британската дискографска агенција.

Албумот кој бил снимен во 2006 година со хитовите “Rehab” и “Valerie”, почнал повеќе да се продава по нејзината смрт на 23 јули во Лондон.

Пејачката била пронајдена мртва во својот дом во Лондон. Со обдукцијата не била утврдена причината за нејзината смрт, а полицијата објавила дека нејзината смрт се смета за неразјаснета, но не и за сомнителна.