Албумот на Владимир Четкар „Let Us Be“ кој моментално е ексклузивно издаден во Јапонија е прогласен за „Masters Choice“ на национално ниво низ сите музички продавници на ‘Tower Records’, најголемиот ланец на музички продавници во Јапонија и е прв на истоимената листа.
Во прекрасната критика за албумот „Let Us Be“, меѓу другото се вели дека Четкар е блескав артист со својата супериорно комфорна „Breezy chill„ гитара.
Од неговиот урбан соул стил, преку правците на Incognito и Jamiroquai, се до фанк-диско стилот на Chic, неговиот сензибилитет го одделува од комерцијалните правци. Високо се препорачува за сите љубители на 80-тите. Не постои некој што не го сака овој звук!!, се посочува во критиката.
Албумот „Let Us Be“ е музичка симбиоза на џез, фанк, соул и диско и комплетно авторско дело на Четкар каде тој е во улога на композитор, аранжер/оркестратор, продуцент, гитарист, вокалист, текстописец и диригент. Се снимаше во Чикаго и Милвоки во „Electrical Audio“ и „Hi-Five Studio“, со жива инструментација. Содржи 8 композиции: „Don’t Make Me Wait“, „Let Us Be“, „Ohrid“, „A New Day“, „High Devotion“, „More Than I Ever Asked For“, „Alexander At The Oracle“ и „MATO“.
OhridNews