Според податоците на официјалните музички листи, албумот „21“ го надминал албумот на групата Oasis “(What’s The Story) Morning Glory?”, пренесуваат бритаnските медиуми. Албумот на бендот од Манчестер од 1995 година е продаден во 4555 милиони примероци, додека пак албумот на Адел е продаден во 4562 милиони примероци. Компилацијата на хитови од познатата група Abba “Gold – Greatest Hits” од 1992 се најде на третото место соо 5046 продадени примероци додека пак албумот на Битлси “Sergeant Pepper’s Lonely Hearts Club Band” се најде на четрвтото место со 5059 милиони продадени копии.

 Албумот со најголемите хитови на Queen од 1981 година е на првото место од најпродаваните албуми со 5866 милиони продадени копии.Минатата година, вториот албум на Адел беше прогласен за најпродаван албум на соло изведувач во Велика Британија за 21 век. Тој исто така 101 недека беше на официјалната листа на топ 75 албуми, од кои дури 23 недели беше на првото место. Нумерата “Someone Like You” од истиот албум беше прогласена за најпопуларна песна на караоке забавите.